DAAD

DAAD

Стипендии за кандидати од областа на медицината

Стипендии за кандидати од областа на медицината

За овој вид на стипендија може да аплицираат веќе дипломирани кандидати, чија диплома од додипломски студии не е постара од 6 години, како и апсолвенти.

ДААД не нуди стипендии за специјализација во Германија, туку само за постдипломски студии или испражувачки престој (1-10 месеци). 


- Поголемиот број на студиски програми кои се нудат во Германија во областа на медицината не се влезени во болоњскиот систем, така што за постдипломски студии може да аплицираат оние кандидати кои се заинтересирани за програми кои се структурирани по болоњскиот систем, а тие се најчество во областа на менаџментот во здравството, јавно здравство, невронаука и сл. Доколку аплицирате за постдипломски студии од овие неколку насоки, тогаш за аплицирање важат упатствата документите наведени под точката: Постдипломски студии во Германија.


- За истражувачки престој може да се аплицира како апсолвент или веќе дипломиран кандидат, потребно е да се има остварено конктакт со германска универзитетска клиника и експозе, проект на истражувачкиот/работниот престој. Потврдата од универзитетската клиника или институт мора да се достави заедно со другите документи.


За пребавување на студиски програми во Германија на линковите подолу  www.funding-guide.de.


Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de/irj/portal (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de/irj/portal), 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (апликација). Во Германската амбасада во Скопје се доставуваат 3 копии од апликацијата заедно со препораките од професори.


Во прилог потребните документи за аплицирање:

1.      Формулар од интернет: http://www.daad.de/imperia/md/content/en/deutschland/formulare/forschungsstipendium_en.pdf (овој формулар служи како пример, актуелна верзија може да најдете на порталот)


2.    CV

3.    Мотивационо писмо

4. Експозе

5. План со временска рамка за истражувачкиот престој

6. Покана/Потврда од институцијата во која ќе се врши истражувањето

7.    1 актуелна препорака од професор од матичниот факултет (пополнет формулар: http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf (не е дел од апликацијата на порталот, се доставува одделно)
8.      Уверение од факултет (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

9.    Диплома за завршено средно образование (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


10.    Потврда за познавање на јазик

11.    други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар.


Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!


Стипендијата покрива месечен надомест за стипендистот од 750,- Евра, здравствено осигурување и патни трошоци до 350,- Евра.


Доколку вашите студии се на англиски јазик и немате познавање на германски јазик воопшто или пак под А2 ниво, тогаш потребно е да дојдете во нашата канцеларија, за да лекторката Ви издаде документ (секако со претходно најава за посета). За студентите кои имаат познавање на германски јазик над А2 ниво се одржува тестирање OnDaF + OnSeT. За студентите кои ќе студираат на германски, а немаат официјална диплома и за нив ќе има OnDaF тестирање.

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за постдипломски студии е од 15. септември до 15. ноември секоја година и се однесува за следната академска година. Документите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 3 примероци. Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи во отворен (незалепен) плик.

Адреса: 
Германската амбасада Скопје
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!

Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате навреме кај нас, пред поднесување на документите.