DAAD

DAAD

Научно-истражувачки престои за професори

Научно-истражувачки престои за професори

За овој вид на стипендија може да аплицираат професори од високо-образовните институции, кои се заинтересирани за истражувачки престој во времетраење од 1-3 месеци на некој факултет или истражувачки институт во Германија.

Информации за овој вид на стипендија можете да најдете и на официјалната страница на ДААД:

За пребавување на студиски програми во Германија на линковите подолу  www.funding-guide.de,( https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=5&origin=74&subjectGrps=A&daad=1&q=&page=1&detail=50015456, https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50015456&origin=74&page=1&q=&status=5&subjectGrps=A)

Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de/irj/portal (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de/irj/portal), 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (апликација). Во Германската амбасада во Скопје се доставуваат 3 копии од апликацијата заедно со препораките од професори.


Во прилог потребните документи за аплицирање:

1. Формулар  (формуларот ќе го добиете по вашата регистрација на порталот на ДААД)

2. CV


3. Опис на истражувањето (Project proposal)

4. Детален план за место и временска рамка на истражувањето

5. Листа на публикации


6. Покана од германската институција






Неколку технички упатства:

- документите не треба да се хефтаат, нити поврзуваат со спојки .
- копиите/скеновите на документите треба да се еднострани и на формат А4 (ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се ископира/скенира на А4, еднострано).

Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!


Рокот за аплицирање е 15. ноември, документите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 3 примероциГи молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи во отворен (незалепен) плик.

По пристигнувањето на документите, апликациите се испраќаат во ДААД во Бон, посебна комисија одлучува по апликациите. Одоговорите се добиваат на пролет, кон крајот на месец април, така што истражувачкиот престој треба да се планира во месеците помеѓу јуни (2017) и јануари (2018).




Адреса: 
Германската амбасада Скопје 
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!

https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=5&origin=74&subjectGrps=G&daad=&q=&page=1&detail=50015456

Податоците кои се наведени овде може да подлежат на промени, затоа препорачуваме да стапите во контакт со канцеларијата на ДААД пред да ги поднесете документите.