DAAD

DAAD

Постдипломски студии за архитектура и уметност


Постдипломски студии за архитектура и уметност

За овој вид на стипендија може да аплицираат веќе дипломирани кандидати, чија диплома од додипломски студии не е постара од 6 години, како и апсолвенти. Доколку кандидатот се школувал во друга земја и не е вратен во Македонија повеќе од 1 година, треба да аплицира за стипендија од ДААД во земјата кадешто ги завршил студиите. Кандидатите што се запишани на постдипломски студии во Германија, а сакаат да аплицираат за стипендија за следната година од студии, може да аплицираат доколку немаат престој во Германија подолг од 15 месеци.


За да се аплицира за стипендија од ДААД, првиот чекор е кандидатот сам да најде студиски програми во Германија (до 3), каде што би сакал да ги продолжи своите студии и да ги контактира (особено важно доколку областа на студии се разликува од завршените студии) за да добие потврда дека ги исполнува условите за запишување на постдипломски студии таму. Одговорот оттаму следува во вид на официјална потврда за подобност или пак потврда по мејл.Не сме имале никаков проблем со нашите дипломи досега, меѓутоа таа потврда сепак мора да се достави заедно со другите документи, а тоа се:


За подетални инфомации на англиски и германски јазик, во прилог е официјалната страна на ДААД:





Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de/irj/portal (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de/irj/portal), 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application summary/Bewerbungszusammenfassung). 

За да апликацијата Ви е конмплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн на порталот: 

1. Формулар од интернет (овој формулар ќе го добиете по вашата регистрација на ДААД-порталот)

2.    Биографија/CV

3.    Мотивационо писмо (не повеќе од 3 страни)

4. Информации за избраните студиски програми (профил, времетраење, цена - принт од интернет страницата на факулетите)

5. Формулар за избраните студиски програми/ опис на програмите во кратки црти (Information about your preferred master programmes)

6. Потврда за контакт со факултетот (преписка по електронски пат/ Letter of eligibility/ vorläufige Zulassung/ е-пошта без добиен одговор со обид да се контактира факултетот)

7.   1 актуелна препорака од професор од факултет    Deutsch/Englisch (PDF, 18 KB) 
http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf (не се прикачува на порталот, се доставува одделно затворена во плик; актуелна верзија на формуларот може да најдете на порталот по регистрирањето)

8. Уверение од факултет (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

9. Диплома за завршено средно образование (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

10. Потврда за познавање на јазикот на кој што се одвива студирањето (потврда од посетуван курс во приватно училиште за странски јазици, потврда од професор/ка на факултет, доколку сте слушале германски/англиски јазик и нема официјален модел на потврда)

11. Портфолио 
(https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/15060-subject-specific-information/)

12. Изјава за портфолиото (доколку сами ја имате изработено тогаш своерачна изјава, во спротивно потребно е потврда од професор/менторhttps://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=2&detail=57135744%20/%20https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=57135744&origin=74&page=2&q=&status=3&subjectGrps= (на овој линк имате пример од изјавата барајте „declaration“)

13. други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар.


Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!

Кандидатот сам бара и бира што и каде би сакал да студира во Германија, услов е да се работи за студиска програма, која почнува во зимскиот семестар наредната година, да не е онлајн програма и студиите да се одвиваат само во Германија, односно ако дел од семестар се престојува вон Германија, тој престој не треба да биде подолг од 25% од вкупното времетраење на студиите. За пребарување на факултети може да Ви помогне следниов линк:


Стипендијата покрива МЕСЕЧЕН надомест за стипендистот од 750,- Евра, школарина во висина до 500,- Евра по семестар и патни трошоци до 350,- Евра.
Може да студирате на германски или англиски јазик, само внимавајте, некои програми кои се на англиски се поскапи од 500,- по семестар. 

Доколку вашите студии се на англиски јазик и немате познавање на германски јазик воопшто или пак под А2 ниво, тогаш потребно е да дојдете во нашата канцеларија, за да лекторката Ви издаде документ (секако со претходно најава за посета). За студентите кои имаат познавање на германски јазик над А2 ниво се одржува тестирање OnDaF + OnSeT. За студентите кои ќе студираат на германски, а немаат официјална диплома и за нив ќе има OnDaF тестирање.
Што се однесува до официјалниот сертификатите за познавање на јазик, којшто го бара факултетот, за апликацијата за стипендии не е неопходен, но пожелен, при контактирањето со факултетот прашајте каков вид на сертификат и со кое ниво на познавање на јазикот би Ви барале кога би дошол моментот на аплицирање кај нив.

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за постдипломски студии за кандидати од областа на архитектурата е до 30. септември, уметност и музика до 31. октомври, a визуелна уметност, дизајн/визуелна комуникација и филм до 30. ноември. Стипендијата ќе може да се користи од следната академска година. На следниот линк е обајснето кои документи треба да ги испратите директно во ДААД во Бон во 1 примерок:

1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=2&detail=57135744 - Архитектура

2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=2&detail=57135743 - Музика


3. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=2&detail=50109971 - Уметност

4. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=3&detail=57135742 - Визуелна уметност, дизајн/визуелна комуникација и филм

на следната адреса:

Deutscher Akademischer Austauschdienst
Referat 324 - Südosteuropa
Kennedyalle 50
53175 Bonn
Germany

Погледнете ги дополнителните информации наевдени на 5-6 страна од формуларот за аплицирање, од точка 1. Посетете го и следниот линк:


Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате навреме кај нас, пред поднесување на документите.