DAAD

DAAD

Понуда на стипендии од ДААД

Понуда на стипендии од ДААД

Oваа година, сите кандидати за стипендија ќе мора да ги прикачат сите документи (со исклучок на препораките од професори) на порталот на ДААД: www.funding-guide.de. По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (апликација). До Германската амбасада во Скопје се доставуваат 3 вакви апликации заедно со препораките од професори. 

1.    Истражувачки стипендии за докторанти
2.    Истражувачки стипендии за универзитетски професори и научници
3.    Студиски стипендии за постдипломци од сите научни насоки
4.    Стипендии за уметници
5.    Стипендии за летни јазични курсеви за студенти 
6.    Пракса во Германија за студенти од областите на природните науки и инженерство, земјоделство и шумарство (IAESTE)
7.    Студиски посети / студиски семинари и пракси во Германија
8.    Реинвитација за поранешни стипендисти



      1. Истражувачки стипендии за докторанти
     
      Целна група:
      -     кандидати кои се заинтересирани за полни докторски студии во Германија
      -     кандидати кои се запишани на докторски студии во Македонија, а аплицираат за истражувачки престој во Германија со времетраење од 1-6, односно 7-10 месеци. 

2.  Истражувачки стипендии за универзитетски професори и научници
    
        Овој вид на стипендија е наменет за кандидати, кои работат во високо-образовни или   истражувачки институции со цел работење на истражувачки проект во период од 1-3 месеци.
 
3. Студиски стипендии за постдипломци од сите научни насоки
      
          Овој вид на стипендија е наменет за кандидати кои во моментот на аплицирање се апсолвенти или веќе дипломирани и кои сакаат да го продолжат своето образование на постдипломски студии во Германија.

4. Стипендии за уметници

Целна група:
-           кандидати од областа на сликарство, дизајн, филм, музика и архитектура, како и драма, режија, танц и кореографија, кои имаат можност да посетуваат курс, продолжение на образованието, без можност да се стекнат со диплома или квалификација. Кандидатите треба веќе да поседуваат диплома.


5. Стипендии за летни јазични курсеви за студенти 

          Вид на стипендија: Едномесечен престој, посета на летен курс за германски јазик.
       
       Целна група:
-         кандидати (студенти) од сите области, кои во моментот на аплицирање се во II или III година на студии (кај четиригодишни студии), во II година кај тригодишните студии. Кандидатите треба веќе да имаат претходно познавање на германскиот јазик (Б1).

 6 Пракса во Германија за студенти од областите на природните науки и инженерство, земјоделство и шумарство (IAESTE)
      
         Овој вид на стипендија се однесува на студенти од горенаведените области и поддржува 2-3 месечна пракса во претпријатија, односно истражувачки или високо-образовни институции.
       
       За сите информации обратете се во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, која се наоѓа на Машинскиот факултет во Скопје.
       тел.: (02) 3065-069
       www.iaeste.org.mk

       7. Студиски посети / студиски семинари и пракси во Германија

            Студиски посети
-         соодветни посети, тури и информативни средби, поврзани со студиите

            Студиски семинари/пракси
-         семинари или практични курсеви, блок семинари, работилници, поврзани со студиите

       Целни групи:
       Стипендирањето на Студиски посети/семинари се однесува на групи на странски студенти под водство на универзитетски професор.

       Времетраење: 7-12 дена

8. Реинвитација за поранешни стипендисти
      
             Овој вид на стипендија е наменет за поранешни корисници на стипендија од ДААД во траење од најмалку една година со цел завршување на истражувачки или работен проект. Времетраењето на овој престој може да биде од 1-3 месеци.