DAAD

DAAD

Докторски студии/истражувачки престој


Докторски студии/истражувачки престој


За овој вид на стипендија може да аплицираат:
За да се аплицира за стипендија од ДААД, првиот чекор е кандидатот сам да најде студиска програма во Германија, каде што би сакал да ги продолжи своите студии, и да стапи во контакт со нив. Преку контактот со факултетот ќе дознаете што е потребно да им доставите, можеби кус опис на темата, областа, истражувањето, експозе и сл. Оттаму треба, може и по и-меил, како одговор на Ваш допис, да Ви испратат еден вид потврда дека може да аплицирате кај нив, дека формално ги исполнувате условите. Не сме имале никаков проблем со нашите дипломи досега, меѓутоа таа потврда сепак мора да се достави заедно со другите документи, а тоа се:

- веќе магистрирани кандидати, чија диплома од магистерски студии не е постара од 6 години - кандидати, кои се на крај со магистерските студии, кои аплицираат за полни докторски студии во Германија 
- кандидати кои се веќе запишани на докторски студии во Македонија или Германија и сакаат да одат на истражувачки престој во Германија во времетраење од 1-6, односно 7-10 месеци

ДААД доделува стипендии за полни докторски студии доколку се работи за исклучително ректа област/студиска насока/.


За пребавување на студиски програми во Германија на линковите подолу  www.funding-guide.de,
https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=57135739 / https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=57135739&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps= ; https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=50015434 / https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50015434&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps= ; https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=57140602 / https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=57140602&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps= 


Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de/irj/portal (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de/irj/portal), 


По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (апликација). Во Германската амбасада во Скопје се доставуваат 3 копии од апликацијата заедно со препораките од професори

Во прилог потребните документи за аплицирање:

1. Формулар од интернет: 
http://www.daad.de/imperia/md/content/en/deutschland/formulare/forschungsstipendium_en.pdf  (овој формулар служи како пример, актуелна верзија може да најдете на порталот)

2.    CV

3.   Мотивациско писмо

4.   Експозе (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој)

5. Детален план за место и временска рамка на истражувањето (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој)

6.   Потврда за контакт со факултетот (потврда од ментор)


7. Информации за избраните студиски програми (профил, времетраење, цена - принт од интернет страницата на факулетите)

8. 2 актуелни препораки од професор од факултет (потполен формулар http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf(не е дел од апликацијата на порталот, се доставува одделно)


9. Потврда за запишани докторски студии (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој, копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар
  
10. Уверение од факултет, со оценки за положени испити, од магистерски студии (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

11. Уверение од факултет, со оценки за положени испити, од додипломски студии (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

12. Диплома за завршено средно образование (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

13.  Потврда за познавање на јазик

14. други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

15.  Листа на публикации (доколку имате)


Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!


Неколку технички упатства:
- Сликата на формуларот не треба да се хефта, туку да се залепи со лепак. 
- документите по можност да не се хефтаат, туку да се поврзат со спојка (освен преводите).
- Копиите на документите треба да се еднострани и на формат А4 (ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се ископира на А4, еднострано).

Стипендијата покрива МЕСЕЧЕН надомест за стипендистот од 750,- до 1000,- Евра, здравствено осигурување, како и паушал за патни трошоци во висина до 350,- евра.

Што се однесува до сертификатите за познавање на јазик, за апликацијата за стипендии не е неопходен, но пожелен, при контактирањето со факултетот прашајте каков вид на сертификат и со кое ниво на познавање на јазикот би Ви барале кога би дошол моментот на аплицирање кај нив.

По поднесувањето на документите се организира бесплатен тест за германски и англиски јазик, за оние кои имаат какво било познавање од јазиците, потоа се разгледуваат апликациите од страна на комисија, дел од кандидатите потоа се повикуваат на интервју во текот на месец февруари. Резултатите за тоа кои кандидати се добитници на стипендија се добиваат во април. 

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за докторски студии или истражувачки престој е од 15. септември до 15. ноември секоја година и се однесува за следната академска година, односно за истражување по јуни следната година. (за истражувачки престои до 6 месеци), односно од октомври (за престои подолги од 7 месеци) Документите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 1 примерок. Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи заедно во отворен (незалепен) плик.

Адреса: 
Германската амбасада Скопје
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!

Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате навреме кај нас, пред поднесување на документите.