DAAD

DAAD

Летен јазичен курс во Германија

За овој вид на стипендија може да аплицираат студенти од втора или трета година на додипломски студии (кај 4-годишни студии) или од втора година (кај 3-годишни студии), кои веќе имаат претходно познавање на германскиот јазик. Потребно е ниво A2.

Стипендијата ги покрива патните трошоци (до 325,- евра), 650,- евра надомест за стипендистот и 200,- евра паушал за курсот. Разликата за курсот треба да ја доплатите сами.


Рокот за аплицирање за овој вид стипендија е 1. декември.



Сите документи освен препораката/ препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: www.portal.daad.de, www.funding-guide.de  (https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=3&detail=50035295 / https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50035295&origin=74&page=3&q=&status=3&subjectGrps= ). 



На линкот:
http://www.daad.de/deutschland/deutsch-lernen/sommerkurse/00490.de.html  или http://www.daad.de/deutschland/studienangebote/sommerkurse/en/ кандидатот треба да одбере кој курс по германски јазик би сакал да го посетува во периодот од јули и август следната година.



Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de/irj/portal (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de/irj/portal), 



По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (апликација). Во Германската амбасада во Скопје се доставуваат 3 копии од апликацијата заедно со препораките од професори.


Во прилог потребните документи за аплицирање:

1.   Формулар од интернет: http://www.daad.de/imperia/md/content/de/deutschland/formulare/antrag_hochschulsommerkurs.pdf  (овој формулар служи како пример, актуелна верзија може да најдете на ДААД-порталот)

2.   CV на германски јазик

3.   Мотивационо писмо на германски јазик

4.   1 актуелна препорака од професор на факултет (не од лектор), (пополнет формулар: http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf(не е дел од апликацијата на порталот, се доставува одделно; актуелна верзија може да најдете на порталот

5. Уверение со досега положените испити (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

6. Потврда за познавање на јазик (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

7.  Други сертификати, препораки, потврди и сл. (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


Неколку технички упатства:
- документите не треба да се хефтаат, може да се поврзат со спојка.
- Копиите на документите треба да се еднострани и на формат А4.


Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба на порталот: portal@daad.de !!!

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за летен јазичен курс студии е од 17септември до 1декемвриДокументите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 3 примероци. Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи во отворен (незалепен) плик.
Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!





Адреса: 
Германската амбасада Скопје
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје


Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате навреме кај нас, пред поднесување на документите.