DAAD

DAAD

Mittwoch, 9. Dezember 2015

Известување

Драги кандидати за стипендија,

Ве молиме за трпение и за разбирање доколку не сме во можност веднаш да одговориме на Вашите телефонски повици, пораки на мејл и на фејсбук.

Имено, оваа година целата постапка по налог на централата на ДААД во Бон се одвива во многу пократко време отколку вообичаено.

Секој оној што се пријавил за стипендија ќе добие известување по мејл. Во случај на технички проблеми ќе Ви се обратиме телефонски.

Во меѓувреме, од истата оваа причина, беше одлучено, оваа година покана за јазично тестирање да добијат само оние кандидати за стипендија за постдипломски студии што имаат познавања на германски јазик а се кандидати за интервју, како и сите кандидати за стипендија за летен јазичен курс.

Уште еднаш, Ве молиме за разбирање и се извинуваме доколку не можеме најбрзо да Ви излеземе пресрет.

Секое добро и среќно,
ДААД- Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

Keine Kommentare:

Kommentar veröffentlichen