DAAD

DAAD

Dienstag, 15. Dezember 2015

Известување за кандидатите за летни јазични курсеви

Драги кандидати за стипендии за летни јазични курсеви,

ги добивме Вашите резултати од јазичното тестирање OnDaF. Вашите апликации ќе ги разгледа стручна комисија и доколку и е потребно нешто, ќе бидете известени.

Доколку не Ве побараме во меѓувреме, Ве молиме за трпение, се работи за голем број на апликации а конечните резултати ќе ги имаме дури во текот на април, почетокот на мај.

Среќно,
ДААД- Лекторат, Скопје

Известување за кандидатите за стипендии за докторски студии/ истражувачки престои

Почитувани кандидати за стипендии за докторски студии/ истражувачки престои,

како што знаете за Вас не е предвидено интервју, како и јазично тестирање. Вашите апликации се разгледуваат во седиштето на ДААД во Бон, Германија и доколку им треба нешто од Вас, ќе Ве побараат во меѓувреме.

Доколку не е потребен никаков дополнителен документ и сл., резултатите (без разлика позитивни или негативни) очекувајте ги во текот на април/ мај.

Целата постапка трае малку подолго, но се работи за огромен број на апликации од цел свет и Ве молиме за трпение.

Среќно,
ДААД- Лекторат, Скопје

Mittwoch, 9. Dezember 2015

јазично тестирање OnDaF

Драги кандидати за стипендија,

оваа година, по налог на централата на ДААД во Бон, целата постапка за избор на кандидати за стипендија во Македонија се одвива во многу пократко време од вообичаено.

Токму поради тоа, покана за јазично тестирање ќе добијат само оние кандидати за стипендија што ќе добијат и покана за интервју (доколку се пријавиле за стипендија за постдипломски студии), како и сите кандидати што се пријавиле за стипендија за летен јазичен курс.

Јазичното тестирање ќе се спроведи во Училиштето за јазици Лингва Линк во Скопје на 12.12.2015 (сабота).

Деталните информации во врска со полагањето ги имате на мејл.

Ве молиме за разбирање доколку не сме во можност веднаш да реагираме на Вашите прашања. Сите информации ги имате на нашиот блог.

Секое добро и среќно,
ДААД Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

Известување

Драги кандидати за стипендија,

Ве молиме за трпение и за разбирање доколку не сме во можност веднаш да одговориме на Вашите телефонски повици, пораки на мејл и на фејсбук.

Имено, оваа година целата постапка по налог на централата на ДААД во Бон се одвива во многу пократко време отколку вообичаено.

Секој оној што се пријавил за стипендија ќе добие известување по мејл. Во случај на технички проблеми ќе Ви се обратиме телефонски.

Во меѓувреме, од истата оваа причина, беше одлучено, оваа година покана за јазично тестирање да добијат само оние кандидати за стипендија за постдипломски студии што имаат познавања на германски јазик а се кандидати за интервју, како и сите кандидати за стипендија за летен јазичен курс.

Уште еднаш, Ве молиме за разбирање и се извинуваме доколку не можеме најбрзо да Ви излеземе пресрет.

Секое добро и среќно,
ДААД- Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

Dienstag, 24. November 2015

Предавање на апликациите за летните јазични курсеви

Почитувани,

апликациите може да ги предавате на портирницата од Германската амбасада во Скопје најдоцна до 1. декември (вторник) до 16 часот. 

Donnerstag, 5. November 2015

Работно време/ 09.11. - 13.11.2015

Канцеларијата ќе биде затворена в понеделник (09.11.2015). 

Работното време за следната недела ќе биде од вторник до петок (10.11. - 13.11.2015) и тоа: 

вторник - четврток: 9 ч. - 14 ч. и петок: 9 ч. - 13 ч. 

Ве очекуваме со прашања од вторник. 

ДААД- Лекторат, Скопје


Dienstag, 3. November 2015

Интервју за кандидатите за стипендија за постдипломски студии

Драги кандидати за ДААД-стипендија,

интервјуата за кандидатите за стипендија за постдипломски студии ќе се одржат на 15.12. (вторник) и 16.12. (среда) во Германската амбасада во Скопје.

Покана за интервју и дополнителни информации во врска со тестирањето ќе добиете на мејл. 

ДААД- Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

OnDaF тестирање / 2015

Драги кандидати за ДААД-стипендија,

OnDaF тестот за сите кандидати што имаат некакви познавања од германскиот јазик, а аплицирале за стипендија за постдипломски студии, како и за сите кандидати за стипендија за летен јазичен курс ќе се одржи на 11.12. (петок) и 12.12. (сабота) во Училиштето за јазици LinguaLink: 
http://www.lingualink.com.mk/Default.aspx?mId=90&lId=1

Покана за тестирањето и дополнителни информации во врска со тестирањето ќе добиете на мејл. 

ДААД- Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

Donnerstag, 8. Oktober 2015

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Тетово

Презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) ќе се одржи на Државниот - Тетово на 13.10.2015 (вторник) од 10.30 часот.

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Тетово

Презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) ќе се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа (South East European University)- Тетово на 13.10.2015 (вторник) од 12 часот.

Mittwoch, 30. September 2015

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Битола

Презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) ќе се одржи на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола на 06.10.2015 (вторник) од 12 часот.

Dienstag, 29. September 2015

Предавање на апликациите

Почитувани,

апликациите може да ги предавате на портирницата од Германската амбасада во Скопје најдоцна до 15. ноември (недела) до 12 часот, односно (апликациите за летен јазичен курс)  најдоцна до 1. декември  (вторник) до 12 часот.


Donnerstag, 24. September 2015

Презентација на можностите за студирање со стипендија преку Германската служба за академска размена (ДААД)

Презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) ќе се одржи во Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" во Скопје на 01.10.2015 (четврток) од 16 часот.

Donnerstag, 30. Juli 2015

годишен одмор

Почитувани, 

канцеларијата ќе биде затворена до 01 септември

Сите измени во врска со аплицирањето за стипендии може да ги најдете на нашиот блог.

Ве очекуваме со нови апликации од 15 септември до 15 ноември. 

Поздрав,

ДААД- Канцеларија за врски, Скопје