DAAD

DAAD

Montag, 23. September 2013

Презентации (24.09. и 25.09.)

Образовниот информативен центар од Скопје во соработка со Канцеларијата за врски на ДААД (Германска служба за размена на студенти) во Скопје со поддршка од ИАЕСТЕ Македонија, ќе ви ги презентираат студиските можности на повеќе престижни институции во Германија за постдипломски студии.

Презентациите ќе се одржат на 24.09.2013 и на 25.09.2013 во 18:00 часот во главната зграда на ФЕИТ/МФС каде ќе бидат промовирани повеќе универзитети во Германија, а сите заинтересирани дипломци се поканети да ги проследат овие презентации.

ОИЦ Скопје ќе ви ја претстави престижната институција- Berlin International College која врши упис на престижните германски универзитети кои нудат студии од областа на техничките науки во Германија и на идните инженери им се нуди можност да станат експерти во: 
  • Инженеринг
  • Архитектура
  • Бизнис и технологија
  • Науки
  • Комуникациски науки
  • Информатичка технологија (ИТ)
 Партнери универзитети на Berlin International College се: Diploma University of Applied Sciences Bad Sooden-Allendorf; Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover; Kiel University of Applied Sciences; Jade University of Applied Sciences Wilhelmshaven / Oldenburg / Elsfleth; Friedrich-Alexander University Erlangen-Nürnberg; Nuremberg Institute of Technology; Albert-Ludwigs University Freiburg; Suedwestfalen University of Applied Sciences.

Германската служба за размена на студенти (ДААД) е најголемата организација за унапредување на интернационалната размена на студенти и научници на светско ниво. Канцеларијата за врски ќе ги претстави своите можности за стипендирање на македонски студенти, професори и научници во Германија а воедно, присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во врска со студентскиот живот, можностите и условите за студирање во Германија.

  • Истражувачки стипендии за докторанти
  • Истражувачки стипендии за универзитетски професори и научници
  • Стипендии за постдипломци од сите научни насоки
  • Стипендии за уметници
  • Стипендии за летни јазични курсеви за студенти 
  • Пракса за студенти од областите на природните науки и инженерство, земјоделство и шумарство (IAESTE)
  • Студиски посети / студиски семинари
  •  Реинвитација за поранешни стипендисти

Keine Kommentare:

Kommentar veröffentlichen