DAAD

DAAD

Dienstag, 15. Oktober 2013

Канцеларијата ќе биде затворена на 16.10.(среда) и на 17.10. (четврток).

Со нови прашања Ве очекуваме од понеделник (21.10.).

ДААД, Канцеларија за врски Скопје

Dienstag, 8. Oktober 2013

Презентации

Презентации на стипендиската програма од ДААД за студентите од Тетово, утре (09.10.2013): 

на SEEU University, со почеток во 10 часот (BDC Центар- училница 101-03)
на Државниот универзитет, со почеток во 12 часот (Амфитеатар во Ректоратот)

Повелете!!!

Montag, 23. September 2013

Presentations 24.09. and 25.09.

Educational Advising Center of Skopje in cooperation with German Academic Exchange Service (DAAD) in Skopje with support from IAESTE Macedonia will present educational opportunities for graduate studies at more prestigious institutions in Germany.

The presentations will be held on 09.24.2013 and 25.09.2013 at 18:00 am in the main building at FEIT/MFS where will be promoted several universities in Germany, and all interested alumni are invited to attend these presentations.
EAC Skopje will present you the prestigious institution- Berlin International College which offers admission to prestigious German universities offering studies in technical sciences in Germany and future engineers have the opportunity to become experts in:
  • Engineering
  • Architecture
  • Business & Technology
  • Sciences
  • Communication Sciences
  • Information Technology (IT)
College partners with BIC are: Diploma University of Applied Sciences Bad Sooden-Allendorf; Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover; Kiel University of Applied Sciences; Jade University of Applied Sciences Wilhelmshaven / Oldenburg / Elsfleth; Friedrich-Alexander University Erlangen-Nürnberg; Nuremberg Institute of Technology; Albert-Ludwigs University Freiburg; Suedwestfalen University of Applied Sciences.

German Academic Exchange Service (DAAD) is the largest organization for promotion of international exchange of students and scholars worldwide. The liaison office will present their scholarship opportunities for Macedonian students, professors and scientists in Germany and at the same time, participants will have the opportunity to ask questions about student life, opportunities and requirements for studying in Germany.

  • Research scholarships for PhD students
  • Research scholarships for university professors and scientists 
  • Scholarships for postgraduates from all science areas
  • Scholarships for artists
  • Scholarships for summer language courses for students 
  • Practice for students in the fields of science and engineering, agriculture and forestry (IAESTE)
  • Study visits / study seminars
  •  Reinvitation of former scholarships

Презентации (24.09. и 25.09.)

Образовниот информативен центар од Скопје во соработка со Канцеларијата за врски на ДААД (Германска служба за размена на студенти) во Скопје со поддршка од ИАЕСТЕ Македонија, ќе ви ги презентираат студиските можности на повеќе престижни институции во Германија за постдипломски студии.

Презентациите ќе се одржат на 24.09.2013 и на 25.09.2013 во 18:00 часот во главната зграда на ФЕИТ/МФС каде ќе бидат промовирани повеќе универзитети во Германија, а сите заинтересирани дипломци се поканети да ги проследат овие презентации.

ОИЦ Скопје ќе ви ја претстави престижната институција- Berlin International College која врши упис на престижните германски универзитети кои нудат студии од областа на техничките науки во Германија и на идните инженери им се нуди можност да станат експерти во: 
  • Инженеринг
  • Архитектура
  • Бизнис и технологија
  • Науки
  • Комуникациски науки
  • Информатичка технологија (ИТ)
 Партнери универзитети на Berlin International College се: Diploma University of Applied Sciences Bad Sooden-Allendorf; Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover; Kiel University of Applied Sciences; Jade University of Applied Sciences Wilhelmshaven / Oldenburg / Elsfleth; Friedrich-Alexander University Erlangen-Nürnberg; Nuremberg Institute of Technology; Albert-Ludwigs University Freiburg; Suedwestfalen University of Applied Sciences.

Германската служба за размена на студенти (ДААД) е најголемата организација за унапредување на интернационалната размена на студенти и научници на светско ниво. Канцеларијата за врски ќе ги претстави своите можности за стипендирање на македонски студенти, професори и научници во Германија а воедно, присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во врска со студентскиот живот, можностите и условите за студирање во Германија.

  • Истражувачки стипендии за докторанти
  • Истражувачки стипендии за универзитетски професори и научници
  • Стипендии за постдипломци од сите научни насоки
  • Стипендии за уметници
  • Стипендии за летни јазични курсеви за студенти 
  • Пракса за студенти од областите на природните науки и инженерство, земјоделство и шумарство (IAESTE)
  • Студиски посети / студиски семинари
  •  Реинвитација за поранешни стипендисти

Mittwoch, 18. September 2013

Почитувани,

Ве молиме обрнете внимание на промената при аплицирање за стипендии за студиската 2014/15. Имено, целата апликација се доставува во 3 примероци наместо досегашниот 1 примерок со дополнително CD. Промената е назначена со затемнети букви во објаснувањата за секоја програма поединечно.

Со почит,

Канцеларија за врски на ДААД, Скопје

Dienstag, 30. Juli 2013

Почитувани,

од 01.08. до 02.09. нашата канцеларија ќе биде затворена поради годишен одмор.

Со нови прашања Ве очекуваме во септември. Ве молиме за разбирање.

Со почит
ДААД-Лекторат, Канцеларија за врски Скопје
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА 

на 30.07.2013

НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА
ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ОД 10 ДО 13 ЧАСОТ.



Donnerstag, 4. Juli 2013

Нов начин за аплицирање за Стипендија за истражувачки престој (докторски студии) до 6 и со времетраење подолго од 6 месеци

Документите се доставуваат најпрво по електронски пат преку MOVE-Portal на www.funding-guide.de со избирање на соодветната програма. Потребни документи се истите како досега. Самата програма Ве насочува кон секој документ одделно. По електронското доставување на документите, целата документација треба да се испечати (преку порталот) по што печатената верзија од апликацијата, треба да се достави до 

Германска амбасада
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје




Mittwoch, 19. Juni 2013

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА 

на 20.06.2013

НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА
ЌЕ РАБОТИ ДО 11 ЧАСОТ.


ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО!

ДААД- канцеларија, Скопје

Montag, 10. Juni 2013

Стипендии за постдипломски студии по Германски како странски јазик во Марбург

„Studiengänge DaF-Master für ausländische Studierende an deutschen Hochschulen“ (Projektförderung) an der Universität Marburg
Bewerbungsfrist:  bis 9. Juli 2013



ДААД-канцеларија Скопје

Mittwoch, 5. Juni 2013

Почитувани,

во 2013 год. нема да може да се пријавувате за DAAD/ OSI програмата за стипендии во Германија. Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не. Со задоволство ќе Ве советуваме и за другите можности за стипендирање кои ги нуди DAAD во Македонија.

Со почит,

ДААД- канцеларија Скопје

Dienstag, 9. April 2013

Почитувани,

ДААД учествува со свој штанд на саемот за образование и кариера 2013.

Во рамките на саемот ќе одржиме и две презентации на тема:
„Можности за студирање и програми за стипендирање во Германија„
во панел 1 во следните термини:

среда, 10. април од 15.00 - 15.45 часот
и
петок, 12. април од 13.00 - 13.45 часот.

Повелете, посетете не'.

Со почит,
ДААД тимот

Montag, 14. Januar 2013

Работно време

Работното време на канцеларијата на ДААД е:

понеделник и среда 
9.00 - 14.00

вторник
12.00 - 17.00

четврток
13.00 - 17.00

За сите прашања во меѓувреме Ви стоиме на располагање преку ел. пошта. Податоците ќе ги најдете во делот на Контакт.

Поздрав,
ДААД Скопје